Не може да се печати иако е воспоставена врска (Mac OS)

Имајте ги предвид следниве причини.

Има проблем со софтверот или со податоците.

Решенија

  • Уверете се дека е инсталиран оригинален двигател за печатач на Epson (EPSON XXXXX). Ако не е инсталиран оригинален двигател за печатач на Epson, функциите се ограничени. Ви препорачуваме да го користите оригиналниот двигател за печатач на Epson.

  • Ако печатите голема слика со многу податоци, компјутерот може да нема доволно меморија. Отпечатете ја сликата со пониска резолуција или со помала големина.

  • Ако ги пробавте сите решенија и не го решивте проблемот, обидете се да го деинсталирате и повторно да го инсталирате двигателот за печатачот

Има проблем со статусот на печатачот.

Решенија

Погрижете се статусот на печатачот да не е Пауза.

Изберете Системски претпочитани вредности од менито Apple > Печатачи и скенери (или Печати и скенирај, Печати и испрати факс), а потоа кликнете двапати на печатачот. Ако печатачот е паузиран, кликнете Продолжи.

Овозможени се ограничувања на функциите за корисниците на печатачот.

Решенија

Печатачот може да не печати кога е овозможено ограничување на функциите за корисниците. Контактирајте со администраторот на печатачот.