> Информации за администраторот > Напредни поставки за безбедност > Одредување поставки за шифрирање лозинки

Одредување поставки за шифрирање лозинки

Шифрирањето лозинки ви овозможува да шифрирате доверливи информации (сите лозинки, приватни клучеви за сертификати, клучеви за автентикација на тврдиот диск) зачувани во печатачот. Клучот за шифрирање што се користи за дешифрирање шифрирани доверливи информации е зачуван во чипот TPM (Trusted Platform Module). Бидејќи до TPM-чипот не може да се пристапува вон печатачот, може да ги заштитите шифрираните доверливи информации без споделување на клучот за шифрирање.

Важно:

Ако TPM-чипот е неисправен и не може да се користи клучот за шифрирање, не може да ги вратите доверливите информации во печатачот и да го користите печатачот. Затоа, задолжително направете резервна копија од клучот за шифрирање на USB-меморија.