Може да печатите информации како што се корисничко име и датум на печатење во заглавјата или подножјата.

Во картичката Повеќе опции на двигателот за печатачот, кликнете Функции на воден жиг, а потоа изберете го полето Заглавје/Подножје.
Изберете Поставки, изберете ги ставките што сакате да ги печатите и кликнете OK.
За да го одредите бројот на првата страница, изберете Број на страница од позицијата во којашто сакате да печатите во заглавието или подножјето, а потоа изберете го бројот во Почетен број.
Ако сакате да печатите текст во заглавието или подножјето, изберете ја позицијата во којашто сакате да печатите, а потоа изберете Текст. Внесете го текстот што сакате да го отпечатите во полето за внесување текст.
Одредете ги останатите ставки во картичките Главна и Повеќе опции според потребите, а потоа кликнете OK.
Кликнете Печати.