Ако создадете свои зададени вредности на често користените поставки за печатење на двигателот за печатачот, лесно може да печатите избирајќи ја зададената вредност од списокот.

Во картичките Главна или Повеќе опции на двигателот за печатачот, одредете ја секоја поставка (на пр. Голем. на документ и Вид хартија).
Кликнете Додај/Отстрани пред-поставки во Пред-поставки за печатење.
Внесете Име и ако е потребно, внесете коментар.
Кликнете Зачувај.
За да избришете зададена вредност, кликнете Додај/Отстрани пред-поставки, изберете го името на зададената вредност што сакате да ја избришете од списокот, па избришете ја.
Кликнете Печати.
Следниот пат кога ќе сакате да печатите користејќи ги истите поставки, изберете го името на регистрираната поставка од Пред-поставки за печатење и кликнете OK.