> Печатење > Печатење документи > Печатење од компјутер — Mac OS > Печатење намален или зголемен документ со какво било зголемување

Печатење намален или зголемен документ со какво било зголемување

Можете да ја намалите или да ја зголемите големината на некој документ за одреден процент.

Белешка:

Операциите може да се разликуваат зависно од апликацијата. За повеќе информации, погледнете ја помошта во апликацијата.

  1. Направете нешто од следново.

    • Изберете Печати од менито Датотека на апликацијата. Кликнете Дефиниција на страницата, а потоа изберете го печатачот во Формат за. Изберете ја големината на податоците што ќе се печатат од Големина на хартијата, внесете процент во Скалирање, а потоа кликнете OK.
    • Изберете Дефиниција на страницата од менито Датотека на апликацијата. Изберете го печатачот во Формат за. Изберете ја големината на податоците што ќе се печатат од Големина на хартијата, внесете процент во Скалирање, а потоа кликнете OK. Изберете Печати од менито Датотека.
  2. Изберете го печатачот во Печатач.

  3. Одредете ги останатите ставки според потребите.

  4. Кликнете Печати.