Ажурирање на апликациите и фирмверот

Можеби ќе можете да отстраните одредени проблеми и да подобрите или додадете функции со ажурирање на апликациите и фирмверот. Проверете дали ги користите најновите верзии од апликациите и фирмверот.

Кога ги користите следниве функции од компјутер за којшто е потребна лозинка, погрижете се да користите комбинација од најновиот фирмвер, софтвер и двигател за печатачот.

  • Регистрирање и користење корисничка сметка за функцијата за контрола на пристап

  • Confidential Job

  • Пристапување до Зачувај во Меморија преку компјутер

  1. Погрижете се печатачот и компјутерот да бидат поврзани и компјутерот да биде поврзан на интернет.

  2. Стартувајте го EPSON Software Updater, а потоа ажурирајте ги апликациите или фирмверот.

    Важно:

    Не исклучувајте го компјутерот или печатачот додека ажурирањето не заврши; во спротивно, печатачот може да не работи правилно.

    Белешка:

    Ако во списокот не можете да ја најдете апликацијата што сакате да ја ажурирате, нема да може да извршите ажурирање со EPSON Software Updater. Проверете дали се достапни најновите верзии од апликациите на локалната веб-локација на Epson.

    http://www.epson.com