Може да ставате оригинали следејќи ги анимациите што се прикажуваат на LCD-екранот на печатачот.
Изберете
, а потоа изберете Како да > Ставете оригинали. Изберете го методот за ставање оригинали што сакате да го видите. Изберете Заврши за да го затворите екранот со анимации.

Ако сакате да копирате повеќе оригинали, ставете ги сите оригинали во ADF.
Внимавајте капакот за документи да не ви ги фати прстите кога го затворате. Во спротивно, може да се повредите.
Кога ставате крупни оригинали, како на пр. книги, погрижете се стаклото на скенерот да не биде изложено на директна надворешна светлина.
Ако надворешната светлина е пресилна, големината на оригиналот може да не се детектира автоматски или резултатот од копирањето или од скенирањето може да стане бел.
Не притискајте пресилно врз стаклото на скенерот. Во спротивно, може да се оштети.
Не притискајте премногу силно на оригиналот. Ако притиснете пресилно, може да се појават замачкувања, замаглување и дамки.
Ако на оригиналот има превиткувања или туткања, исправете ги, а потоа ставете го на стаклото на скенерот. Сликите може да се заматени во деловите каде што оригиналот не е во близок контакт со стаклото на скенерот.
Ако има остатоци или нечистотија на стаклото на скенерот, опсегот на скенирање може да се прошири и да ги опфати, па сликата од оригиналот може да се измести или да се намали. Пред да скенирате, отстранете ги остатоците и нечистотиите од стаклото на скенерот.

Извадете ги оригиналите по скенирањето. Ако ги оставите оригиналите на стаклото на скенерот долго време, може да се залепат за површината на стаклото.
Не се скенира просторот од 1,5 mm од рабовите на стаклото на скенерот.
Кога се ставени оригинали во ADF и на стаклото на скенерот, приоритет имаат оригиналите во ADF.
Некои големини може да не се детектираат автоматски. Во тој случај, рачно изберете ја големината на оригиналите.
Не ставајте ги оригиналите над линијата што се наоѓа веднаш под знакот со триаголник во ADF-граничникот.

Не додавајте оригинали додека скенирате.
Може да ставате оригинали помали од A4 со подолгиот раб свртен кон ADF.
Некои големини може да не се детектираат автоматски. Во тој случај, рачно изберете ја големината на оригиналите.