EPSON Code128

  • Фонтовите Code128 ги поддржуваат кодните групи A, B и C. Кога кодната група на линија од знаци ќе се промени во средината на линијата, автоматски се внесува код за конверзија.

  • Висината на линискиот код автоматски се приспособува на 15 % или повеќе од својата вкупна должина, согласно стандардот Code128. Затоа, важно е да се задржи барем едно празно место меѓу линискиот код и околниот текст за да се спречи преклопување.

  • Некои апликации автоматски ги бришат празните места на крајот од редовите или менуваат повеќе празни места во табулатори. Линиските кодови што содржат празни места може да не се печатат правилно од апликации коишто автоматски ги бришат празните места на крајот од редовите или менуваат повеќе празни места во табулатори.

  • Кога печатите два или повеќе линиски кодови во еден ред, одвојте ги линиските кодови со табулатор или изберете друг фонт наместо фонтот за линиски кодови и внесете празно место. Ако внесете празно место додека е избран фонт Code128, линискиот код нема да биде точен.

Тип знак

Сите ASCII-знаци (вкупно 95)

Број на знаци

Неограничен

Големина на фонт

26 pt до 96 pt. Препорачаните големини се 26 pt, 52 pt и 78 pt.

Следниве кодови се внесуваат автоматски и не мора да се внесуваат рачно:

  • Празна зона Лево/Десно

  • Знак Старт/Стоп

  • Цифра за проверка

  • Знак за промена на кодна група

Отпечатен примерок

EPSON Code128