Поставки за печатач

Изберете ги менијата на контролната табла како што е опишано подолу.

Поставки > Општи поставки > Поставки за печатач

Не може да менувате поставки што ги заклучил администраторот.

Поставки за извор хартија:
Поставка на хартија:

Изберете го изворот за хартија за да ги одредите големината и типот на хартијата што ја внесувате.Кога е овозможено Автом. детект. Голем. на харт, печатачот ја детектира големината на хартија којашто сте ја внеле.

Приоритет на фиока за хартија:

Изберете Вкл. за да дадете приоритет за печатење на хартијата ставена во фиоката за хартија.

А4/Писмо автоматско менување:

Изберете Вкл. за да внесете хартија од изворот на хартија поставен на големина со формат A4 кога нема извор на хартија поставен на формат Писмо (Letter) или внесете ја од изворот на хартија поставен на формат Писмо кога нема извор на хартија поставен на формат A4.

Поставки за автом. бирање:

Кога ќе снема хартија, хартијата автоматски се внесува од извор на хартија што ги има истите поставки како и поставките за хартија за задачите за печатење. Може да поставите автоматско избирање за секој извор на хартија за секоја функција во копија, факс или друго. Не може да поставите сè на исклучено.

Оваа поставка е оневозможена кога ќе изберете одреден извор на хартија во поставките за хартија за задачите за печатење. Во зависност од поставката за типот на хартијата на картичката Главна на двигателот на печатачот, хартијата може да не се внесува автоматски.

Известување за грешка:

Изберете Вкл. за да се прикаже пораката за грешка кога избраните големина или тип на хартија не одговараат на внесената хартија.

Автоматски приказ на Пост. на хартија:

Изберете Вкл. за да се прикаже екранот Поставка на хартија кога внесувате хартија во касетата за хартија. Ако ја деактивирате оваа функција, не може да печатите од iPhone, iPad или iPod touch со користење на AirPrint.

Листа на Кориснички деф. голем. на хартија:

Може да ја смените поставката за приспособена големина. Ова е корисно кога често печатите на хартија со невообичаена големина.

Јазик на печатење:

Изберете го јазикот за печатење за УСБ-интерфејсот или за мрежниот интерфејс.

Уни. поставки за печатење:

Овие поставки за печатење се применуваат кога печатите користејќи надворешен уред без да го користите двигателот за печатачот. Поставките за офсет се применуваат кога печатите користејќи го двигателот за печатачот.

Горен раздел:

Прилагодете ја горната маргина на хартијата.

Лев раздел:

Прилагодете ја левата маргина на хартијата.

Изедн. на горн. марг.на задн. страна:

Прилагодете ја горната маргина за задниот дел на страницата кога печатите двострано.

Изеднач. на лев. марг. на задната страна:

Приспособете ја левата маргина за задната маргина на страницата кога печатите двострано.

Провери широчина на хартија:

Изберете Вкл. за да ја проверите ширината на хартија пред печатење. На овој начин се спречува печатење надвор од рабовите на хартијата кога поставката за големина на хартијата не е точна, но може и да се намали брзината на печатење.

Прескокни празна страница:

Автоматски прескокнува празни страници во податоците за печатење.

Исправка на бои:

Одредете поставки како што се осветленост и контраст и извршете корекција на боите при печатење од надворешен уред. Кога оваа функција е вклучена, поставките за корекција на боите на печатачот преовладуваат над поставките на стандардниот двигател за печатачот.

  • Осветленост

  • Констраст

  • Заситеност

  • Црвен баланс

  • Зелен баланс

  • Син баланс

Конфигурација на PDL печатење:

Изберете ги опциите за Конфигурација на PDL печатење што сакате да ги користите за PCL или PostScript-печатење.

Општи поставки:
  • Големина на хартија

    Изберете ја стандардната големина на хартија за PCL или PostScript-печатење.

  • Тип хартија

    Изберете го стандардниот тип хартија за PCL или PostScript-печатење.

  • Ориентација

    Изберете ја стандардната ориентација за PCL или PostScript-печатење.

  • Квалитет

    Изберете квалитетот на печатење за PCL или PostScript-печатење.

  • Режим за зачувување на мастило

    Изберете Вкл. за да заштедите мастило така што ќе ја намалите густината на печатењето.

  • Наре. за печатење

    Последна стр. најгоре

    Започнува со печатење од првата страница на датотеката.

    Првата стр. најгоре

    Започнува со печатење од последната страница на датотеката.

  • Број на копии

    Поставете го бројот на примероци за печатење.

  • Сврзувачка маргина

    Изберете ја положбата за врзување.

  • Автоматско исфрлање хартија

    Изберете Вкл. за автоматски да ја исфрлите хартијата кога ќе го запрете печатењето за време на задача за печатење.

  • Двострано печатење

    Изберете Вкл. за да извршите двострано печатење.

PCL мени:
  • Извор на фонт

    Локален

    Изберете за да користите претходно инсталиран фонт на печатачот.

    Преземи

    Изберете да користите фонт што сте го презеле од интернет.

  • Број на фонт

    Изберете го бројот за стандардната големина на фонтот како стандарден фонт. Расположливите бројки се разликуваат во зависност од избраните поставки.

  • Густина

    Поставете ја стандардната закосеност на фонтот доколку фонтот може да се менува без деформација и има фиксни положби за закосеност. Можете да изберете од 0,44 до 99,99 cpi (знаци на инч), на стапки од по 0,01.

    Оваа ставка може да не се појави во зависност од поставките за извор или број на фонтот.

  • Висина

    Поставете ја стандардната висина на фонтот доколку фонтот може да се менува без деформација и е пропорционален. Можете да изберете од 4,00 до 999,75 точки, на стапки од по 0,25.

    Оваа ставка може да не се појави во зависност од поставките за извор или број на фонтот.

  • Сет за симбол

    Изберете го стандардниот комплет симболи. Доколку фонтот што сте го избрале во изворот на фонтови и поставките за број на фонтот го нема во поставката за комплет од нови симболи, изворот на фонтови и поставките за број на фонтот автоматски се заменуваат со стандардната вредност, IBM-US.

  • Форма

    Поставете го бројот на линии за избраната големина и насока на хартијата. Исто така, ова предизвикува промена во растојанието меѓу линиите (VMI), а новата VMI-вредност ќе се зачува во печатачот. Ова значи дека подоцнежните промени во поставките за големината и насоката на хартијата ќе предизвикаат промени во вредноста на формата врз основа на зачуваната VMI-вредност.

  • CR функција

    Изберете ја наредбата за додавање линии при печатење со двигател од специфичен оперативен систем.

  • LF функција

    Изберете ја наредбата за додавање линии при печатење со двигател од специфичен оперативен систем.

  • Назначување на изворот на хартија

    Поставете ја задачата за наредбата за избор на изворот на хартија. Кога е избрано 4, наредбите се поставени за да биде компатибилен со HP LaserJet 4. Кога е избрано 4K, наредбите се поставени за да биде компатибилен со HP LaserJet 4000, 5000 и 8000. Кога е избрано 5S, наредбите се поставени за да биде компатибилен со HP LaserJet 5S.

PS мени:
  • Погрешен лист

    Изберете Вкл. за да отпечатите лист на којшто е прикажан статусот кога настанува грешка за време на PostScript или PDF печатење.

  • Избирање на боја

    Го избира режимот за боја за PostScript-печатење.

  • Бинарно

    Изберете Вкл. кога печатите податоци што содржат бинарни слики. Апликацијата може да испрати бинарни податоци, дури и ако двигателот за печатачот е поставен на ASCII, но ќе можете да ги отпечатите податоците кога ќе биде вклучена ова опција.

  • PDF големина на страница

    Изберете ја големината на хартијата кога печатите ПДФ-датотека. Доколку е избрано авто., големината на хартијата се одредува во зависност од големината на првата страница.

Автоматски решавач на грешки:

Изберете дејство да го извршите кога ќе се појави грешка при двострано печатење или грешка поради полна меморија.

  • Вкл.

    Се прикажува предупредување и печати едностран режим кога ќе дојде до грешка при двострано печатење или печати само она што може да го обработи печатачот кога ќе дојде до грешка за полна меморија.

  • Иск.

    Се прикажува порака за грешка и се откажува печатењето.

Интерфејс за мемориски уред:
  • Мемориски уред:

    Изберете Вклучи за печатачот да може да добие пристап до вметнатиот мемориски уред. Ако е избрано Исклучи, не може да зачувате податоци на меморискиот уред со печатачот. Ова спречува доверливи документи да се отстрануваат илегално.

  • Споделување датотека:

    Изберете дали да дадете пристап за запишување во меморискиот уред од компјутер поврзан со USB приклучок или од мрежно поврзан компјутер.

Дебела хартија:

Изберете Вклучено за да спречите мастилото да се размачка на исписите, меѓутоа, ова може да ја намали брзината на печатење.

Тивок режим:

Изберете Вкл. за да ја намалите бучавата за време на печатење, меѓутоа, ова може да ја намали брзината на печатење. Во зависност од типот на хартија и избраните поставки за квалитет на печатење, можно е да нема разлика во нивото на бучава на печатачот.

Време на сушење на мастилото:

Изберете го времето за сушење на мастилото коешто сакате да го користите кога печатите двострано. Печатачот печати на другата страна штом ќе ја испечати едната страна. Ако исписот е замачкан, зголемете ја поставката за времето.

Двонасочно:

Изберете Вклучено за да ја промените насоката на печатење; Печати додека главата за печатење се поместува налево или надесно. Ако вертикалните или хоризонталните линеарно поставени линии на вашиот отпечаток изгледаат заматено или непорамнето, онеспособувањето на оваа функција може да го реши проблемот; меѓутоа, тоа може да ја намали брзината на печатење.

Авто. продолжување на Излезната фиока:

Изберете Вклучено за автоматско извлекување на држачот за хартија на излезната фиока кога печатите на хартија поголема од A4.

Врска со компјутер преку USB:

Изберете Вклучи за компјутерот да може да добие пристап до печатачот кога е поврзан со USB. Кога е избрано Исклучи, печатењето и скенирањето коишто не се испратени преку мрежна конекција се ограничени.

USB I/F Поставка за временско ограничување:

Ја одредува должината на времето во секунди што мора да измине пред да заврши USB комуникацијата со компјутерот откако печатачот ќе прими задача за печатење од двигател за PostScript-печатач или двигател за PCL печатач. Доколку задачата што завршува не е јасно дефинирана од двигател за PostScript-печатач или двигател за PCL печатач, може да дојде до бескрајна USB комуникација. Кога ќе се случи ова, печатачот завршува со комуникацијата откако ќе измине назначеното време. Внесете 0 (нула) доколку не сакате да заврши комуникацијата.