Додај/Отстрани пред-поставки:
Може да додавате или да отстранувате претходно поставени вредности за често користени поставки за печатење. Изберете ја претходно поставената вредност којашто сакате да ја користите од листата.
Изберете ја големината на хартија на којашто сакате да печатите. Ако Голем. на документ се разликува од Излезна хартија, Намали/Зголеми документ е автоматски избрана. Не мора да ја изберете кога печатите без намалување или зголемување на големината на документот.
Може да ја намалите или да ја зголемите големината на документот.
Автоматски го намалува или го зголемува документот за да одговара на големината на хартијата избрана во Излезна хартија.
Печати со специфичен процент.
Печати слики во центарот на хартијата.
Автоматски ја приспособува нијансата на сликите.
Може да извршите рачно коригирање на боја. Ако кликнете Напредно, се отвора прозорецот Коригирање бои каде што можете да изберете детален метод за коригирање бои. Кликнете Опции за слика за да овозможите Печатење со универзална боја, Поправи црвени очи и да го изострите печатењето на тенките линии.
Ви овозможува да одредите поставки за водените жигови.
Ви овозможува да додавате или отстранувате водени жигови.
Ви овозможува да го одредите методот за печатење водени жигови.
Ги ротира страниците за 180 степени пред печатењето. Изберете ја оваа ставка кога печатите на хартија како на пример пликови коишто се внесени во фиксна насока во печатачот.
Печати кога главата за печатење се движи во двете насоки. Брзината на печатење е поголема, но квалитетот може да биде послаб.
Ја превртува сликата за да се отпечати како што би изгледала во огледало.