> Печатење > Печатење фотографии > Печатење фотографии од дигитален фотоапарат

Печатење фотографии од дигитален фотоапарат

Белешка:
  • Може да печатите фотографии директно од дигитален фотоапарат компатибилен со PictBridge. За информации за ракување со дигиталниот фотоапарат, погледнете ја документацијата испорачана со фотоапаратот.

  • Обично поставките на дигиталниот фотоапарат имаат приоритет; меѓутоа, во следниве ситуации приоритет имаат поставките на печатачот.

    • Кога поставките за печатење на фотоапаратот се поставени на „користи поставки на печатачот“

    • Кога е избрана опцијата Sepia или B&W во поставките за печатење на печатачот.

    • Кога комбинирањето на поставките за печатење на фотоапаратот и на печатачот создава поставки што не се достапни на печатачот.