> Печатење > Печатење фотографии > Печатење фотографии од дигитален фотоапарат > Печатење фотографии од дигитален фотоапарат поврзан безжично

Печатење фотографии од дигитален фотоапарат поврзан безжично

Може безжично да печатите фотографии од дигитални фотоапарати што го поддржуваат стандардот DPS преку IP (во понатамошниот текст: PictBridge (безжична LAN)).

  1. Уверете се дека на почетниот екран се прикажува иконата што означува дека печатачот е поврзан со безжична мрежа.

    Водич за иконата за мрежа

  2. Ставете хартија во печатачот.

    Ставање хартија во Касета за хартија 1

    Ставање хартија во Касета за хартија 2

    Ставање хартија во Заден отвор за додавање хартија

  3. Изберете Settings > Camera Print Settings на контролната табла.

  4. Изберете Print Settings или Photo Adjustments и променете ги поставките ако е потребно.

  5. Поврзете го дигиталниот фотоапарат со истата мрежа на којашто е поврзан печатачот.

  6. Отворете го списокот со достапни печатачи на дигиталниот фотоапарат и изберете го печатачот со којшто сакате да се поврзете.

    Белешка:
    • За да го проверите името на печатачот, допрете на иконата за статус на мрежата на почетниот екран.

    • Ако дигиталниот фотоапарат има функција со којашто може да регистрирате печатачи, може да го поврзете со печатачот така што ќе го изберете за следниот пат.

  7. Изберете ги фотографиите од дигиталниот фотоапарат што сакате да ги печатите, одредете поставки како на пр. бројот на примероци, па почнете да печатите.

  8. Прекинете ја врската PictBridge (безжична LAN) со печатачот од дигиталниот фотоапарат.

    Важно:

    Кога користите PictBridge (безжична LAN), не може да користите други функции на печатачот или да печатите од други уреди. Кога ќе завршите со печатење, веднаш прекинете ја врската.