> Решавање проблеми > Низок квалитет на печатењето, копирањето и скенирањето > Низок квалитет на копирањето > Положбата, големината или маргините на копиите се несоодветни

Положбата, големината или маргините на копиите се несоодветни

Имајте ги предвид следниве причини.

Хартијата се внесува неправилно.

Решенија

Ставете хартија во правилната насока и повлечете го граничникот до работ на хартијата.

Оригиналите не се правилно поставени.

Решенија

  • Проверете дали оригиналот е поставен правилно во однос на ознаките за порамнување.

  • Ако работ на скенираната слика недостасува, поместете го оригиналот малку подалеку од работ на стаклото на скенерот. Не може да ја скенирате областа на приближно 1,5 mm (0,06 in.) од работ на стаклото на скенерот.

Има прашина или дамки на стаклото на скенерот.

Решенија

Исчистете ги стаклото на скенерот и капакот за документи со сува, мека и чиста крпа. Ако околу оригиналите на стаклото има прашина или дамки, областа за копирање може да се прошири за да ги опфати прашината или дамките, со што може да создаде погрешна позиција за копирање или мали слики.

Големината на хартијата е неправилно поставена.

Решенија

Изберете ја соодветната поставка за големина на хартијата.