Печати шаблон за проверка на прскалките за да проверите дали прскалките на главата за печатење се затнати.
Ги чисти затнатите прскалки во главата за печатење. Бидејќи оваа функција троши одредено количество мастило, чистете ја главата за печатење само ако се затнати прскалките. Отпечатете шаблон за проверка на прскалките, а потоа изберете Чистење ако има само неколку недостатоци во шаблонот. Интензивно чистење троши повеќе мастило во споредба со Чистење. Користете ја оваа функција само ако има многу недостатоци во отпечатениот шаблон за проверка на прскалките.
Job Arranger Lite ви овозможува да комбинирате неколку датотеки создадени од различни апликации и да ги печатите во само една задача за печатење.
Се отвора прозорецот EPSON Status Monitor 3. Овде може да го потврдите статусот на печатачот или на потрошните материјали.
Може да направите различни поставки. Кликнете со десното копче на секоја ставка за да видите Помош за повеќе информации.
Се прикажуваат задачи коишто чекаат да бидат отпечатени. Може да ги проверите, да ги паузирате или да продолжите со задачите за печатење.
Го менува јазикот којшто треба да го користите во прозорецот за двигател на печатач. За да ги примените поставките, затворете го двигателот на печатач и повторно отворете го.
Започнува EPSON Software Updater за да проверите дали има најнова верзија на апликации на интернет.