Може да ги приспособувате боите што се користат во задачата за печатење. Овие приспособувања не се применуваат на оригиналните податоци.

PhotoEnhance прави поостри слики и поживи бои со автоматско приспособување на контрастот, заситувањето и осветленоста на податоците на оригиналната слика.
PhotoEnhance ја приспособува бојата преку анализирање на локацијата на субјектот. Затоа, ако сте ја промениле локацијата на субјектот со намалување, зголемување, отсекување или ротирање на сликата, бојата може да се промени неочекувано. Ако изберете поставка без рамки, се менува и локацијата на субјектот, а тоа предизвикува промени во бојата. Ако сликата не е добро фокусирана, нијансата може да биде неприродна. Ако бојата се смени или стане неприродна, печатете во некој друг режим, различен од PhotoEnhance.
Ставете хартија во печатачот.
Ставање хартија во Касета за хартија 1
Отворете ја датотеката што сакате да ја печатите.
Отворете го прозорецот на двигателот за печатачот.
Изберете го начинот за коригирање бои од Корекција на боите на картичката Повеќе опции.
Одредете ги останатите ставки во картичките Главна и Повеќе опции според потребите, а потоа кликнете OK.
Кликнете Печати.