Печатење воден жиг

Може да отпечатите воден жиг, како на пр. „Доверливо“ на своите отпечатени примероци. Може да додадете и свој воден жиг.

Белешка:

Оваа функција не е достапна за печатењето без рамки.

  1. Ставете хартија во печатачот.

    Ставање хартија во Касета за хартија 1

    Ставање хартија во Касета за хартија 2

    Ставање хартија во Заден отвор за додавање хартија

  2. Отворете ја датотеката што сакате да ја печатите.

  3. Отворете го прозорецот на двигателот за печатачот.

  4. Изберете опција од поставката за Повеќе опции.

  5. Кликнете Функции на воден жиг за да ги смените деталите како што се густината и положбата на водениот жиг.

  6. Одредете ги останатите ставки во картичките Главна и Повеќе опции според потребите, а потоа кликнете OK.

    Картичка Главна

    Картичка Повеќе опции

  7. Кликнете Печати.