Печатење брошура

Може да печатите и брошура што може да се направи со повторна нарачка на страници и со преклопување на исписот.

Белешка:
  • Оваа функција не е достапна за печатењето без рамки.

  • Двостраното печатење не е достпано со користење на Заден отвор за додавање хартија.

  • Ако не користите хартија што е соодветна за двострано печатење, квалитетот на печатењето може да биде послаб и може да дојде до заглавување хартија.

    Хартија за двострано печатење

  • Зависно од хартијата и податоците, може да пробие мастило на другата страна на хартијата.

  • EPSON Status Monitor 3 мора да биде овозможено за да вршите рачно двострано печатење. Ако EPSON Status Monitor 3 е оневозможено, отворете го прозорецот на двигателот за печатачот, кликнете Проширени поставки во картичката Одржување, па изберете Вклучи EPSON Status Monitor 3.

  • Меѓутоа, може да не е достапно кога на печатачот му се пристапува преку мрежа или се користи како делен печатач.

  1. Ставете хартија во печатачот.

    Ставање хартија во Касета за хартија 1

    Ставање хартија во Касета за хартија 2

    Ставање хартија во Заден отвор за додавање хартија

  2. Отворете ја датотеката што сакате да ја печатите.

  3. Изберете Печатење или Поставување печатење од менито Датотека.

  4. Изберете го својот печатач.

  5. Изберете Претпочитани вредности или Својства за да пристапите до прозорецот на двигателот за печатачот.

  6. Изберете го начинот на Двострано печатење во картичката Главна.

  7. Во картичката Settings на двигателот за печатачот, изберете Книшка.

  8. Кликнете OK.

    • Централно подврзување: Користете го овој метод кога печатите мал број на страници што можат да бидат наредени на куп и лесно превиткани на средина.
    • Странично подврзување. Користете го овој метод при печатење на еден лист (четири страници) одеднаш, превиткувајќи ги на средина, а потоа ставајќи ги заедно во една целина.
  9. Кликнете Густина на печатење, одредете ги соодветните поставки, а потоа кликнете OK.

    Кога поставувате Густина на печатење, може да ја приспособите густината на печатење според типот на документот.

    Белешка:
    • Оваа поставка не е достапна кога ќе изберете рачно двострано печатење.

    • Печатењето може да биде бавно во зависност од комбинацијата на опции што се избрани за Изберете вид на документот во прозорецот Густина на печатење и за Квалитет во картичката Главна.

  10. Одредете ги останатите ставки во картичките Главна и Повеќе опции според потребите, а потоа кликнете OK.

    Картичка Главна

    Картичка Повеќе опции

  11. Кликнете Печати.

    За рачно двострано печатење, откако ќе заврши печатењето на првата страница, на компјутерот ќе се прикаже скок-прозорец. Следете ги инструкциите на екранот.