Додај/Отстрани пред-поставки:
Може да додавате или да отстранувате претходно поставени вредности за често користени поставки за печатење. Изберете ја претходно поставената вредност којашто сакате да ја користите од листата.
Изберете го изворот на хартија од којшто се внесува хартијата. Изберете Auto Select за автоматски да го изберете изворот на хартија којшто е избран во поставките за печатење на печатачот. Ако ја овозможите функцијата Автоматско префрлање на касетата, печатачот автоматски внесува хартија од касетата за хартија 2 кога хартијата во касетата за хартија 1 ќе се потроши. Ставете иста хартија (тип и големина) во касетата за хартија 1 и во касетата за хартија 2.
Изберете ја големината на хартија на којашто сакате да печатите. Ако изберете Кориснички дефинирано, внесете ги ширината и висината на хартијата.
Податоците за печатење се зголемуваат малку повеќе од големината на хартијата така што не се печатат маргини долж рабовите на хартијата. Кликнете Поставки за да изберете колку ќе се зголеми.
Изберете го квалитетот на печатење којшто сакате да го користите за печатење. Опциите се разликуваат во зависност од типот на хартијата.
Ако изберете Високо се добива печатење со повисок квалитет, но брзината на печатење може да се намали. Ако сакате да печатите на обична хартија користејќи многу повисок квалитет, изберете Најдобро. Имајте предвид дека брзината на печатење може значително да се намали.
Може двострано да печатите.
Може да го одредите работ на врзување и маргините на врзување. Кога печатите документи на повеќе страници, изберете да започнете со печатење од предната или од задната страна на страницата.
Изберете го типот на документот за да ја приспособите густината на печатење. Ако е избрана соодветната густина на печатење, може да спречите сликите да не протечат од обратната страна. Изберете Рачно за да ја приспособите густината на печатење рачно.
Може да печатите неколку страници на еден лист или да печатите постери. Кликнете Редослед на печатење за да го одредите редоследот на печатење на страниците.
Одредете го бројот на страници за печатење.
Печати документи со повеќе страници сортирани по редослед и во комплети.
Може да печатите од последната страница така што страниците се наредени според точен редослед по печатење.
Се намалува шумот којшто го прави печатачот. Меѓутоа, ако го овозможите ова, може да се намали брзината на печатење.
Job Arranger Lite ви овозможува да комбинирате неколку датотеки создадени од различни апликации и да ги печатите во само една задача за печатење.
Се прикажува список со тековните поставки во картичките Главна и Повеќе опции. Може да го прикажете или да го скриете екранот со списокот со тековни поставки.