> Решавање проблеми > Проблеми со скенерот > Проверување пораки за грешки на контролната табла

Проверување пораки за грешки на контролната табла

Ако на контролната табла се прикаже порака за грешка, следете ги инструкциите на екранот или решенијата подолу за да го решите проблемот.

Белешка:

Погледнете го следново ако се прикажува порака за грешка при скенирање во мрежна папка.

На контролната табла се прикажуваат пораки кога скенирате во мрежна папка

Пораки за грешки

Решенија

Проверете го следново ако не е пронајден компјутер. - Врската помеѓу скенерот и компјутерот (USB или мрежа) - Инсталацијата на потребната апликација - Верзијата на апликацијата - Напојувањето на компјутерот - Поставките за заштитниот ѕид и безбедносниот софтвер - Групните поставки на скенерот и Document Capture Pro - Извршување повторно пребарување За детали, погледнете ја вашата документација.

  • Погрижете се скенерот да биде правилно поврзан со компјутерот.

  • Инсталирајте Epson Scan 2 и Document Capture Pro/Document Capture на компјутерот.

  • Инсталирајте ја најновата верзија на апликацијата.

  • Погрижете се адаптерот за наизменична струја да биде добро поврзан со скенерот и штекерот за струја.

    Проверете дали работи штекерот за струја. Приклучете друг уред во штекерот за струја и проверете дали може да го вклучите.

  • Проверете ги поставките за заштитниот sид за софтверот на Epson.

  • Поставете ја истата група за скенерот и компјутерот.

  • Повторно побарајте го компјутерот.

Комбинацијата на IP адресата и маската на подмрежа е неважечка. Погледнете ја вашата документација за повеќе детали.

Внесете ја точната IP-адреса или стандардната капија. За помош, контактирајте со лицето коешто ја поставило мрежата.

Recovery Mode

Скенерот стартуваше во режим за поправање затоа што ажурирањето на фирмверот не успеа. Следете ги чекорите подолу за повторно да се обидете да го ажурирате фирмверот.

1. Поврзете ги компјутерот и скенерот со USB-кабел. (Во режимот за поправање, не може да го ажурирате фирмверот преку мрежна врска.)

2. За понатамошни инструкции, посетете ја локалната веб-локација на Epson.