Може да ги користите следниве начини на скенирање со скенер за којшто е овозможена поставката за автентикација. Администраторот може да ги ограничи достапните функции. За повеќе информации, контактирајте со системскиот администратор.
Користете ги однапред регистрираните поставки за скенирање. Ако на скенерот се овозможени Поч. пос., откако ќе се најавите ќе се прикаже список со однапред поставените поставки.
Администраторот може да ги одредува следниве поставки за Поч. пос..
Прикажува различни Поч. пос. за секој автентициран корисник.
Започнува со скенирање веднаш по автентикацијата, без да го прикажува екранот за потврда.
Ја испраќа скенираната слика на адресата на е-пошта на корисникот поврзана со сметката.
Ја зачувува скенираната слика во папката назначена на корисникот. Користете го следниов начин за да одредите назначена папка.
Назначете една папка за целата поставка за автентикација, во којашто автоматски ќе се создаде лична папка.
Назначете различни мрежни папки, посебно за секој корисник.
Скенираната слика може да ја зачувате во однапред конфигурирана мрежна папка.
Скенираната слика може да ја испратите по е-пошта директно од скенерот преку однапред конфигуриран сервер за е-пошта.
Скенираната слика може да ја испратите директно до услугите во облак што однапред сте ги регистрирале.
Ова е достапно само кога на скенерот не е поврзан уред за автентикација.
Скенираната слика може да ја зачувате директно во USB-уред поврзан со скенерот.
*: Постапките за скенирање по најавувањето се исти како постапките за скенирање кога е оневозможена поставката за автентикација. За детали околу постапките за скенирање, погледнете го линкот со поврзани информации подолу.