Скенираната слика може да ја зачувате во одредена папка на мрежата.
Треба да ги одредите поставките однапред. Погледнете го следниов линк за детали за постапката за одредување поставки.
Постапка за функцијата Скенирај во мрежна папка/ФТП
Пред да скенирате, погрижете се да бидат точни поставките на скенерот за Датум/Време и Временска разлика.
Ако треба да извршите промени, изберете Поставки > Осн поставки > Поставки за датум/време на контролната табла.
Ставете го оригиналот.
Пример: за стандардна хартија
Изберете Мрежна папка/ФТП на почетниот екран на контролната табла.
Одредете ја дестинацијата во картичката Дестинација.

Изберете ја картичката Поставки за скен., проверете ги поставките, на пр. форматот за зачувување и променете ги ако е потребно.
Опции на мени за скенирање за скенирање во папка

Изберете
, проверете Поставки на скенерот и променете ги ако е потребно.
Може да ги менувате поставките, на пр. Зашт. на хартија.
Изберете ја картичката Дестинација повторно, а потоа допрете
.
Изберете
за да ги зачувате поставките како однапред одредени поставки.
Скенираните слики се зачувуваат во дестинациската мрежна папка.