Отпечатениот материјал излегува како празен лист

Прскалките на главата за печатење можеби се затнати.

Решенија

Извршете проверка на прскалките, а потоа извршете Интензивно чистење ако прскалките на главата за печатење се затнати.

Поставките за печатење и големината на хартијата ставена во печатачот се разликуваат.

Решенија

Променете ги поставките за печатење согласно големината на хартијата ставена во печатачот. Во печатачот ставете хартија што соодветствува со поставките за печатење.

Повеќе листови хартија се внесуваат истовремено во печатачот.

Решенија

Погледнете го следново за да спречите истовремено внесување на повеќе листови хартија во печатачот.