> Решавање проблеми > Низок квалитет на печатење, копирање, скенирање и факс > Низок квалитет на копирањето > Во копиите недостасуваат бои, се појавуваат пруги или неочекувани бои

Во копиите недостасуваат бои, се појавуваат пруги или неочекувани бои

Прскалките на главата за печатење можеби се затнати.

Решенија

  • Извршете проверка на прскалките за да видите дали прскалките на главата за печатење се затнати. Извршете проверка на прскалките, па исчистете ја главата за печатење ако некои од нејзините прскалки се затнати. Ако не сте го користеле печатачот долго време, прскалките на главата за печатење може да бидат затнати и да не испуштаат капки мастило.

  • Ако сте печателе кога нивото на мастило било премногу ниско за да се види во прозорците на резервоарите за мастило, дополнете ги резервоарите за мастило до горните линии, а потоа користете ја услужната програма Интензивно чистење за да го замените мастилото во цевките за мастило. По користењето на услужната програма, извршете проверка на прскалките за да видите дали е подобрен квалитетот на печатење.

Направивте копија во режим на нацрт.

Решенија

Променете ја поставката за квалитет на печатењето во нешто поинакво од режим на нацрт, а потоа отпечатете повторно.

Белешка:

За корисниците во Западна Европа не е достапен режим на нацрт.