Изберете ги менијата на контролната табла како што е опишано подолу.
Поставки > Одржување
Одржување
Проверка на прскалките
Изберете ја оваа функција за да проверите дали прскалките на главата за печатење се затнати. Печатачот печати образец за проверка на прскалки.
Чистење на главата
Изберете ја оваа функција за да ги исчистите затнатите прскалки во главата за печатење.
Засилено миење на мастило
Алатката Засилено миење на мастило овозможува замена на сето мастило во цевките за мастило.
Порамнување на главата за печатење
Вертикално порамнување
Изберете ја оваа функција ако исписите изгледаат матно или текстот и линиите не се порамнети.
Хориз. порамн.
Изберете ја оваа функција ако редовно се појавуваат хоризонтални ленти на исписите.
Наполни мастило
Изберете ја оваа функција за да го ресетирате нивото на мастило до 100 % кога го полните резервоарот со мастило.
Пост. Ниво на мастило
Изберете ја оваа функција за да го поставите нивото на мастило според реалното преостанато мастило.
Преос. капац. на Кутиј. за одрж.
Го прикажува приближниот работен век на кутијата за одржување. Кога ќе се прикаже , кутијата за одржување е речиси полна. Кога ќе се прикаже , кутијата за одржување е полна.
Чист. на вод. за харт.
Изберете ја оваа функција ако има дамки од мастило на внатрешните валјаци. Печатачот внесува хартија за да ги исчисти внатрешните валјаци.