Изберете ја оваа функција за да проверите дали прскалките на главата за печатење се затнати. Печатачот печати образец за проверка на прскалки.
Изберете ја оваа функција за да ги исчистите затнатите прскалки во главата за печатење.
Изберете ја оваа функција за да ги исчистите затнатите прскалки во главата за печатење. Се троши повеќе мастило отколку при вообичаеното чистење. Видете „Поврзани информации“ за повеќе детали во врска со користењето на оваа функција.
Изберете ја оваа функција за да ја приспособите главата за печатење и за да го подобрите квалитетот на печатењето.
Вертикално порамнување
Изберете ја оваа функција ако исписите изгледаат матно или текстот и линиите не се порамнети.
Хориз. порамн.
Изберете ја оваа функција ако редовно се појавуваат хоризонтални ленти на исписите.
Изберете ја оваа функција за да го ресетирате нивото на мастило до 100 % кога го полните резервоарот со мастило.