Пред да го користите печатачот
Називи на делови
Поставување на таблетот
Поставување на печатачот
Основни операции
Чистење
Решавање проблеми
Користење на изборните производи
Додаток
Најгоре > Користење на изборните производи > OT-DM30SL (Екран за потрошувачите)
OT-DM30SL е специјално наменет екран за потрошувачите за овој TM-m30II-SL печатач. Овој дел опишува како да го инсталирате и да го користите OT-DM30SL.

Забелешка:Функциите на екранот OT-DM30SL се исти како кај DM-D70. За детали во врска со функциите на екранот, погледнете го прирачникот за користење на DM-D70.
https://support.epson.net/publist/bsredirect.php?code=m001340
Следете ја постапката подолу за да го монтирате OT-DM30SL на печатачот.
Исклучете го печатачот.
Исклучете го AC-кабелот од штекерот.
Поставете го печатачот на мека крпа или на материјал што го ублажува допирот.

Превртете го печатачот.

Отстранете го долниот капак.

Отстранете ги страничните капаци.

Извадете го задниот капак.

Прицврстете го OT-DM30SL поврзувајќи ја неговата кука со отворот во печатачот, а потоа прицврстете ја со завртките.

Поврзете го УСБ-кабелот со УСБ-приклучокот, а потоа складирајте го вишокот кабел во просторот во внатрешноста на OT-DM30SL.

Ставете ги страничните капаци.

Ставете го долниот капак.

Сега, монтирањето на OT-DM30SL на печатачот е завршено.

Осветленоста на екранот може да се приспособи со притискање на копчињата нагоре/надолу за осветленост. Има четири нивоа на осветленост. Тој стандардно е поставен на најсветлата поставка.

Кога ја чистите надворешната површина на екранот за потрошувачите, прво осигурете се дека сте го исклучиле печатачот, а потоа избришете ја нечистотијата со сува крпа или крпа малку навлажнета со вода.
ВНИМАНИЕ:Никогаш не чистете го производот со алкохол, бензин, разредувач или други слични растворувачи. Со тоа може да ги оштетите или скршите деловите направени од пластика или гума.
Триењето на LCD-екранот со премногу сила кога се користи сува крпа може да ја изгребе површината.
|
Големина на екранот |
7 инчи (800 x 480 пиксели) |
|
|
Тип екран |
TFT LCD (16,2 милиони бои) |
|
|
Напојување со електрична енергија |
Напојување од УСБ-магистрала |
|
|
Потрошувачка на енергија |
При работење |
0,5 A (макс.) |
|
Температура/влажност |
При работење |
5 до 45°C {41 до 113°F}, 10 до 90%RH, без кондензација |
|
Складирање |
-10 до 50°C {14 до 122°F}, 10 до 90%RH, без кондензација |
|
|
Височина |
3.000 m или помалку |
|
|
Димензии |
180 x 140 x 105 mm {7,1 x 5,5 x 4,1"} (Ш x Д x В) |
|
|
Тежина |
Прибл. 0,58 kg {1,28 lb} |

Ова е производ од класа А. Во домашна средина, овој производ може да предизвика радиопречки во којшто случај корисникот ќе треба да преземе соодветни мерки.
Кога овој производ се користи за апликации за кои е потребна висока веродостојност/безбедност, како што се уреди за транспорт поврзани со авијациската, железничката, морската, автомобилската индустрија инт.; уреди за превенција на катастрофи; различни безбедносни уреди, итн.; или функциски/прецизни уреди, итн.; треба да го користите овој производ единствено откако внимателно ќе разгледате поставување на сигурносни уреди и компоненти за безбедност во Вашиот дизајн со цел одржување на безбедноста и сигурноста на целиот систем. Бидејќи овој производ не е наменет за употреба при апликации кои бараат екстремно висока веродостојност/безбедност, како што е воздухопловна-космичка опрема, опрема за главна комуникација, опрема за контрола на нуклеарна енергија или медицинска опрема поврзана со директна здравствена нега, итн., Ве молиме сами проценете ја соодветноста на овој производ по извршена целосна проценка.