Изберете ги менијата на контролната табла како што е опишано подолу.
Поставки > Одржување
Одржување
Проверка на прскалките
Изберете ја оваа функција за да проверите дали прскалките на главата за печатење се затнати. Печатачот печати образец за проверка на прскалки.
Чистење на главата
Изберете ја оваа функција за да ги исчистите затнатите прскалки во главата за печатење.
Интензивно чистење
Изберете ја оваа функција за да го замените сето мастило во цевките за мастило. Се троши повеќе мастило отколку при вообичаеното чистење. Видете „Поврзани информации“ за повеќе детали во врска со користењето на оваа функција.
Порамнување на главата за печатење
Изберете ја оваа функција за да ја приспособите главата за печатење и за да го подобрите квалитетот на печатењето.
Верт. порамн.
Изберете ја оваа функција ако исписите изгледаат матно или текстот и линиите не се порамнети.
Хориз. порамн.
Изберете ја оваа функција ако редовно се појавуваат хоризонтални ленти на исписите.
Наполни мастило
Изберете ја оваа функција за да го ресетирате нивото на мастило до 100 % кога го полните резервоарот со мастило.
Пост. Ниво на мастило
Изберете ја оваа функција за да го поставите нивото на мастило според реалното преостанато мастило.
Чист. на вод. за харт.
Изберете ја оваа функција ако има дамки од мастило на внатрешните валјаци. Печатачот внесува хартија за да ги исчисти внатрешните валјаци.