/ Мрежна услуга и информации за софтвер / Апликација за брзо и забавно печатење од компјутер (Epson Photo+)

Апликација за брзо и забавно печатење од компјутер (Epson Photo+)

Epson Photo+ е апликација што овозможува едноставно печатење слики со разни распореди. Може да користите разни шаблони и да вршите корекција на сликите, како и да ја приспособувате положбата додека го прегледувате документот. Може и да ги осветлите сликите додавајќи текст и печати каде сакате. Кога печатите на оригинална хартија Epson за слики, доаѓаат до израз перформансите на мастилото, создавајќи убав резултат со одлични бои.

Ги има и следниве карактеристики. За повеќе информации, погледнете ја помошта во апликацијата. Може да ги преземете најновите апликации од веб-локацијата на Epson.

http://www.epson.com

  • Печатење етикети за дискови (само за поддржани модели)

  • Печатење QR-кодови

  • Печатење фотографии што ги прикажуваат датумот и времето на снимање

Белешка:
  • Оперативните системи Windows Server не се поддржани.

  • За да ја користите апликацијава, мора да биде инсталиран двигателот за овој печатач.

Стартување во Windows
  • Windows 10

    Кликнете го копчето Старт, а потоа изберете Epson Software > Epson Photo+.

  • Windows 8.1/Windows 8

    Внесете го името на апликацијата во полето за пребарување, а потоа изберете ја прикажаната икона.

  • Windows 7

    Кликнете го копчето Старт, а изберете Сите програми или Програми > Epson Software > Epson Photo+.

Стартување во Mac OS

Изберете Оди > Апликации > Epson Software > Epson Photo+.