Заменување на касетите со мастило и другите потрошни материјали
Мрежна услуга и информации за софтвер
Апликација за конфигурирање на работата на печатачот (Web Config)
Апликација за конфигурирање на режими за скенирање од контролната табла (Epson Event Manager)
Апликација за конфигурирање на работење на факс и испраќање на факсови (FAX Utility)
Апликација за брзо и забавно печатење од компјутер (Epson Photo+)
Апликација за лесно ракување со печатачот од паметен уред (Epson Smart Panel)
Апликација за ажурирање софтвер и фирмвер (Epson Software Updater)
Апликација за поставување на уредот на мрежа (EpsonNet Config)
Може автоматски да поставите Wi-Fi мрежа со притискање на копчето на безжичниот насочувач. Ако следниве услови се исполнети, може да ја поставите со користење на овој метод.
Безжичниот рутер е компатибилен со WPS (Заштитено поставување Wi-Fi).
Тековната Wi-Fi врска е воспоставена со притискање копче на безжичниот насочувач.
Изберете Wi-Fi поставување од почетниот екран.
За да изберете ставка, користете ги копчињата
, а потоа притиснете го копчето OK.
Изберете Wi-Fi (Препорачано).
Притиснете го копчето OK за да продолжите.
Изберете Поставување на прит. копче (WPS).
Држете го притиснато копчето [WPS] на безжичниот насочувач додека да затрепка безбедносното светло.

Ако не знаете каде се наоѓа копчето [WPS], или нема копчиња на безжичниот насочувач, за повеќе информации погледнете во документацијата испорачана со безжичниот насочувач.
Притиснете го копчето OK на контролната табла на печатачот. Потоа, следете ги инструкциите на екранот.
Ако поврзувањето не успева, рестартирајте го безжичниот насочувач, поместете го поблизу до печатачот и обидете се повторно. Ако проблемот не се решава, отпечатете извештај за мрежната врска и проверете го решението.