Language
Epson

TM-m30II-S

Упатство за корисникот

Epson

TM-m30II-S

Упатство за корисникот

Troubleshoot
Решавање проблеми

Пред да го користите печатачот

Важни безбедносни информацииСтраница со информации за производотПроверување на предметите доставени со печатачот

Називи на делови

Преден делЗаден делДолен дел

Поставување на печатачот

Ставање на печатачотМенување на ширината на хартијатаПоврзување на каблитеКористење на капакот за прекинувачот за напојувањеПоврзување паметни уреди

Поставување на таблетот

Таблети што може да се монтираат на печатачотСкица за монтирање таблетиПодготовка за поставувањеПрицврстување на држачот на предниот таблетОтстранување на долниот капакПодготовка за монтирање на предниот таблетМонтирање на задниот екранМонтирање на DM-D70Ставање на долниот капакМонтирање/Демонтирање на предниот таблетМонтирање/Демонтирање на задниот екранКако да го поврзете AC-адаптеротКако да го отстраните држачотКако да ги залепите резервните лепливи ленти на држачот

Основни операции

Вклучување/исклучување на напојувањетоПоставување или заменување на ролната хартијаКако да го прицврстите печатачотКако да го држите печатачотТранспорт на печатачот

Чистење

Чистење на куќиштето на печатачотЧистење на термалната глава и плочата на ролната

Решавање проблеми

Значења на ЛЕД-индикаторитеОтпечатениот материјал е бледНе може да се печатиДржачот е поставен погрешноДржачот е скршенКога ќе заглави ролната хартијаКога се испраќа на поправка

Додаток

СпецификацииИзборни комплетиОграничувања за употребаВНИМАНИЈАТрговски марки

Најгоре > Поставување на таблетот > Монтирање на DM-D70

Монтирање на DM-D70

Може да го монтирате DM-D70 на задната страна од печатачот. За информации за DM-D70, погледнете го прирачникот за користење на DM-D70.

https://support.epson.net/publist/bsredirect.php?code=m001340

Ориентација на DM-D70

DM-D70 може да се монтира на печатачот како заден екран во ориентација на пејзаж или портрет. Монтирајте го DM-D70 во една од ориентациите што вашиот апликативен софтвер ќе може да ја користи.

Ориентација на пејзаж

Монтирајте го DM-D70 порамнувајќи ја неговата ориентација со ознаката на неговата задна страна.

Ориентација на портрет

Екранот може да изгледа темен зависно од аголот од кој се гледа поради карактеристиките на DM-D70. Изберете еден од следниве начини на инсталација, Normal (нормално) или Upside down (наопаку), според аголот под којшто го гледате екранот.

Порамнете ја ориентацијата на екранот со ознаката на неговата задна страна.

Normal (нормално)

Upside down (наопаку)

Екранот изгледа светол кога се гледа од левата страна и темен кога се гледа од десната страна.

Екранот изгледа светол кога се гледа од десната страна и темен кога се гледа од левата страна.

Кога ќе го монтирате DM-D70 на овој начин, свртете ја ориентацијата на екранот вертикално со помош на DM-D70 Utility, TM-m30II Utility или TM Utility.

Како да ја добиете и користите услужната програма

Како да ја добиете

Преземете една од следниве услужни програми од веб-локацијата прикажана подолу.

За потрошувачите во Северна Америка www.epson.com/support/

За потрошувачите во другите земји https://epson.sn

  • DM-D70 Utility (за Windows)

  • TM-m30II Utility вер.1.20 или понова (за Windows)

  • TM Utility вер.3.18.0 или понова (за Android/iOS)

Како да ја користите

Стартувајте ја услужната програма и променете ги [Display Settings] (поставки на екранот) - [Display direction] (насока на екранот) во [Upside down] (наопаку) за да се преврти приказот вертикално.

Расклопување на DM-D70

  1. Поставете го производот со страната на екранот долу на мека крпа или слично.

  2. Извадете го задниот капак.

  3. Извадете ги четирите шрафа.

  4. Извадете го штандот и потоа извлечете го УСБ-кабелот од штандот.

Забелешка:

При монтирање на DM-D70 во ориентација на портрет

Феритно јадро е прикачено за УСБ-кабелот на DM-D70. При монтирање на DM-D70 во ориентација на портрет, феритното јадро не може да се складира во печатачот, освен ако не се промени положбата на феритното јадро. Ако сакате да го складирате феритното јадро во печатачот, прво преместете го во центарот на УСБ-кабелот.

ВНИМАНИЕ:

Не отстранувајте го феритното јадро од УСБ-кабелот. Ако го користите DM-D70 без феритно јадро, може да дојде до дефект на DM-D70 поради електрични пречки.

Монтирање на DM-D70 на печатачот

  1. Прицврстете го носачот на задниот екран.

  2. Прицврстете го носачот со двете завртки.

  3. Протнете го кабелот од DM-D70 низ печатачот.

  4. Ставете го феритното јадро во печатачот.

  5. Прицврстете го држачот на задниот екран.

  6. Прицврстете го со доставената завртка.

  7. Ставете го DM-D70 на држачот за да ја проверите положбата за протнување.

      • За ориентацијата на DM-D70, погледнете ја следната врска.

        Ориентација на DM-D70

      • Ставете го DM-D70 хоризонтално.

  8. Извадете ги двете ленти за прицврстување.

  9. Ставете го DM-D70 на држачот, па притискајте го силно околу 30 секунди.

  10. Приспособете ја должината на кабелот што излегува од печатачот. Уверете се дека кабелот има доволно должина за да не се превиткува под остар агол.

  11. Поврзете го УСБ-кабелот во приклучокот УСБ-А.

  12. ВНИМАНИЕ:

    Не поврзувајте во приклучокот УСБ-А за полнење уред (iPad 2.1A). Приклучокот не може да се користи за DM-D70.

  13. Свиткајте го вишокот кабел така што ќе го завиткате околу стегите од двете страни.

  • Назад
  • Најгоре
  • Следно

©Seiko Epson Corporation 2020 - 2021 (M00130602 MK)

Language selection

  • English
  • Français
  • Deutsch
  • Nederlands
  • Italiano
  • Español
  • Português
  • Türkçe
  • Ελληνικά
  • Slovenščina
  • Hrvatski
  • Македонски
  • Srpski
  • Dansk
  • Suomi
  • Norsk
  • Svenska
  • Polski
  • Česky
  • Magyar
  • Slovenčina
  • Română
  • Български
  • Latviešu
  • Lietuvių
  • Eesti
  • العربية
  • 日本語