Заменување на касетите со мастило и другите потрошни материјали
Ако вашиот производ Epson не работи правилно и не можете да го решите проблемот со информациите за решавање проблеми во прирачниците на производот, контактирајте со службата за поддршка на Epson за помош. Ако поддршката на Epson за вашето подрачје не е наведено подолу, контактирајте со продавачот каде што сте го купиле производот.
Поддршката на Epson ќе може да ви помогне многу побрзо ако ги дадете следниве информации:
Сериски број на производот
(Етикетата со серискиот број обично е одзади на производот.)
Модел на производот
Верзија на софтверот на производот
(Кликнете About, Version Info или слично копче во софтверот на производот.)
Марка ми модел на компјутерот
Името и верзијата на оперативниот систем на компјутерот
Имиња и верзии на софтверските апликации што обично ги користите со производот
Во зависност од производот, поставките за мрежата може да се зачуваат во меморијата на производот. При дефект или поправање на производот, поставките може да се изгубат. Epson не одговара за губење податоци, за правење резервни копии или спасување поставки дури и во гарантниот период. Препорачуваме самите да си направите резервна копија на податоците или да ги запишете.