/ Мрежни поставки / Поврзување на паметен уред / Поврзување со уреди без iOS и Android со помош на Wi-Fi Direct

Поврзување со уреди без iOS и Android со помош на Wi-Fi Direct

Овој метод ви овозможува да го поврзувате печатачот директно со паметни уреди, без безжичен рутер.

Белешка:

Потребно е само еднаш да ги одредите овие поставки за печатачот и за паметниот уред што сакате да го поврзете. Нема да треба повторно да ги одредувате овие поставки, освен ако оневозможите Wi-Fi Direct или ако ги вратите мрежните поставки на стандардните.

  1. Изберете Поврзув. на Паметен телефон на почетниот екран.

    За да изберете ставка, користете ги копчињата , а потоа притиснете го копчето OK.

  2. Изберете Започни со поставување.

  3. Изберете Други OS уреди.

    Допрете SSID и ќе се прикаже Лозинка за Wi-Fi Direct за печатачот.

  4. На екранот за Wi-Fi на паметниот уред, изберете SSID прикажана на контролната табла на печатачот, а потоа внесете ја лозинката.

    Сликата од екранот е пример од iPhone.

  5. На контролната табла на печатачот, изберете Сл..

  6. На паметниот уред, вклучете ја апликацијата за печатење Epson.

    Примери за апликации за печатење Epson

  7. Во екранот на апликацијата за печатење Epson, допрете Printer is not selected.

  8. Изберете го печатачот со којшто сакате да се поврзете.

    За да го изберете печатачот, погледнете ги информациите прикажани на контролната табла на печатачот.

  9. На контролната табла на печатачот, изберете Свршено.

За паметни уреди што биле претходно поврзани со печатачот, изберете го името на мрежата (SSID) на Wi-Fi екранот на паметниот уред за да ги поврзете повторно.