Заменување на касетите со мастило и другите потрошни материјали
Цврсто поврзете го USB кабелот со печатачот и компјутерот. Ако користите USB-разделник, обидете се да го поврзете печатачот директно со компјутерот.
Ако скенирате со висока резолуција преку мрежа, може да се појави комуникациска грешка. Намалете ја резолуцијата.
Проверете дали сте го избрале правилниот печатач (скенер) во Epson Scan 2.
Во Windows, проверете дали печатачот (скенерот) е прикажан во Скенер и фотоапарат. Печатачот (скенерот) треба да биде прикажан како „EPSON XXXXX (име на печатачот)“. Ако печатачот (скенерот) не е прикажан, деинсталирајте го и повторно инсталирајте го Epson Scan 2. Погледнете го следново за да пристапите до Скенер и фотоапарат.
Windows 10
Кликнете на копчето за стартување и изберете Систем на Windows > Контролна табла, внесете „Скенер и фотоапарат“ во полето за пребарување, кликнете Погледни ги скенерите и фотоапаратите, а потоа проверете дали е прикажан печатачот.
Windows 8.1/Windows 8
Изберете Работна површина > Поставувања > Контролна табла, внесете „Скенер и фотоапарат“ во полето за пребарување, кликнете Прикажи го скенерот и фотоапаратот, а потоа проверете дали е прикажан печатачот.
Windows 7
Кликнете на копчето за стартување и изберете Контролна табла, внесете „Скенер и фотоапарат“ во полето за пребарување, кликнете Погледни ги скенерите и фотоапаратите, а потоа проверете дали е прикажан печатачот.
Windows Vista
Кликнете на копчето за стартување, изберете Контролна табла > Хардвер и звук > Скенери и фотоапарати, а потоа проверете дали е прикажан печатачот.
Windows XP
Кликнете на копчето за стартување, изберете Контролна табла > Печатачи и друг хардвер > Скенери и фотоапарати, а потоа проверете дали е прикажан печатачот.