Заменување на касетите со мастило и другите потрошни материјали
Може да испраќате скенирани слики до услуги во облак.Пред да ја користите оваа функција, направете поставки со Epson Connect.За детали погледнете го порталот на интернет страницата на Epson Connect.
http://www.epsonconnect.eu (само Европа)
Не може да зачувате повеќе оригинали како една PDF датотека кога скенирате од контролната табла.Со користење на Epson Scan 2 и поставката Додај или уреди стр. по скен на Режим за документи, може да скенирате дополнителни оригинали откако ќе го скенирате оригиналот и да ги зачувате како една датотека.
Погрижете се дека сте ги направиле поставките со Epson Connect.
Поставете ги оригиналите.
Изберете Скенирај од почетниот екран.
За да изберете ставка, користете ги копчињата
, а потоа притиснете го копчето OK.

Изберете Облак.
Изберете
на горниот дел од екранот и изберете дестинација.
Поставете ги ставките на јазичето Скенирај, како на пример форматот за зачувување.
Изберете го јазичето Напредни поставки и проверете ги поставките и променете ги ако е потребно.
Изберете го јазичето Скенирај, а потоа притиснете го копчето
.
Бојата, големината и рабовите на скенираната слика нема да бидат точно исти како и оригиналот.