/ Копирање / Различни методи на копирање / Печатење во разни распореди

Печатење во разни распореди

Може лесно да копирате со избирање мени за копирање на двете страни од личната карта на една страна на хартија со големина A4 или за копирање на две спротивни страници од книга на еден лист хартија.

  1. Ставете хартија во печатачот.

  2. Изберете Различни отпечатоци на контролната табла.

    За да изберете ставка, користете ги копчињата , а потоа притиснете го копчето OK.

  3. Изберете Различни копии и изберете мени за копирање.

    • ID картичка
      Ги скенира двете страни од личната карта и копира еднострано на хартија со големина A4.
    • Копирање книга
      Копира две спротивни страници со големина A4 од книга на еден лист хартија.
    • Копирање без рабови
      Копира без маргини околу рабовите. Сликата се зголемува малку за да се отстранат маргините од рабовите на хартијата.
  4. Поставете ги оригиналите.

    За Копирање книга, поставете ја првата страница на оригиналите следејќи ги упатствата прикажани на екранот и притиснете го копчето OK.

  5. Направете ги следниве поставки на јазичето Копирај.

    Достапните ставки се разликуваат во зависност од менито за копирање.

  6. Направете ги поставките за секоја ставка на јазичето Напредни поставки доколку е потребно.

  7. Изберете го јазичето Копирај и поставете го бројот на копии.

  8. Притиснете го копчето .

  9. За ID картичка или Копирање книга, следете ги инструкциите на екранот за да ги поставите останатите оригинали и изберете Започни скен.