/ Мрежна услуга и информации за софтвер / Инсталирање апликации

Инсталирање апликации

Поврзете го вашиот компјутер на мрежата и инсталирајте ја последната верзија на апликациите од интернет страницата.

Белешка:
  • Најавете се на компјутерот како администратор. Внесете ја администраторската лозинка ако компјутерот ви ја побара.

  • Кога повторно инсталирате апликација, прво треба да ја деинсталирате.

  1. Затворете ги сите активни апликации.

  2. Кога го инсталирате двигателот за печатачот или Epson Scan 2, привремено исклучете ги печатачот и компјутерот.

    Белешка:

    Не поврзувајте ги печатачот и компјутерот додека не ви се каже.

  3. Посетете ја следната веб-страница, а потоа внесете го името на производот.

    http://epson.sn

  4. Изберете Поставување, а потоа кликнете Преземање.

  5. Кликнете или кликнете двапати на преземената датотека, а потоа следете ги упатствата на екранот.

Белешка:

Ако употребувате Windows компјутер и не може да ги преземете апликациите од интернет страницата, инсталирајте ги од дискот со софтвер кој доаѓа со печатачот.