/ Мрежна услуга и информации за софтвер / Апликација за печатење слики (Epson Photo+)

Апликација за печатење слики (Epson Photo+)

Epson Photo+ е апликација што овозможува едноставно печатење слики со разни распореди. Исто така, може да вршите корекција на слики и да ја приспособувате положбата додека го прегледувате документот. Може и да ги осветлите сликите додавајќи текст и печати каде сакате. Кога печатите на оригинална хартија Epson за слики, доаѓаат до израз перформансите на мастилото, создавајќи убав резултат со одлични бои.

Погледнете во помошта на апликацијата за детали.

Белешка:

За да ја користите апликацијава, мора да биде инсталиран двигателот за овој печатач.

Започнување
  • Windows 10

    Кликнете на копчето за стартување, па изберете Epson Software > Epson Photo+.

  • Windows 8.1/Windows 8

    Внесете го името на апликацијата во полето за пребарување, а потоа изберете ја прикажаната икона.

  • Windows 7/Windows Vista/Windows XP

    Кликнете на копчето за стартување и изберете Сите програми или Програми > Epson Software > Epson Photo+.

Активирање во Mac OS

Изберете Започни > Апликации > Epson Software > Epson Photo+.