/ Копирање / Опции на мени за копирање

Опции на мени за копирање

Достапните ставки на јазичето Копирај и јазичето Напредни поставки се разликуваат во зависност од менито коешто сте го избрале.

Црно-бело

Копира оригинал во црно-бело (монохроматски).

Боја

Копира оригинал во боја.

(Двострано)
  • 1>еднострано

    Копира една страна од оригиналот на една страна од хартијата.

  • 1>2-страно

    Копира два еднострани оригинали на двете страни од еден лист хартија. Изберете ориентација на оригиналот и позиција за врзување на хартијата.

(Густина)

Зголемете го нивото на густина користејќи + кога резултатите од копирањето се бледи. Намалете го нивото на густина користејќи - кога мастилото се размачкува.

Зумирање

Ги зголемува или ги намалува оригиналите. Изберете ја вредноста и одредете го употребеното зголемување за зголемување или намалување на оригиналот во рамки на опсег од 25 до 400%.

  • Реална големина

    Копира со зголемување од 100%.

  • Ав. вк. стр.

    Ја детектира областа за скенирање и автоматски го зголемува или го намалува оригиналот за да одговара на големината на избраната хартија. Кога има бели маргини околу оригиналот, белите маргини од ознаката на аголот на стаклото на скенерот се забележани како област за скенирање, но маргините на спротивната страна може да се отсечат.

  • 10x15см->A4, A4->10x15см итн.

    Автоматски го зголемува или го намалува оригиналот за да одговара на конкретната големина на хартија.

Поставка за хартија

Поставете ги големината и типот на хартијата што ја ставивте во печатачот.

Приказ
  • Ед. ст.

    Копира едностран оригинал на еден лист.

  • 2 наго.

    Копира два еднострани оригинали на еден лист со двостран изглед. Може да ги изберете ориентацијата и големината на оригиналот. Проверете ја сликата на десната страна за да изберете Oриентација на оригиналот.

Квалитет

Изберете го квалитетот на копирањето. Ако изберете Најдобро се добива печатење со повисок квалитет, но брзината на печатење може да биде помала.

Бриши ги пост.

Ги ресетира поставките за копирање и ги заменува со нивните стандардни вредности.