Заменување на касетите со мастило и другите потрошни материјали
Може да поставите Wi-Fi мрежа со внесување на информациите потребни за поврзување со безжичен рутер од контролната табла на печатачот. За да извршите поставување со овој метод, ќе ви требаат SSID и лозинка за безжичен рутер.
Ако користите безжичен рутер со неговите стандардни поставки, SSID и лозинката се запишани на етикетата. Ако не ги знаете SSID и лозинката, погледнете ја документацијата испорачана со безжичниот рутер.

Изберете
на почетниот екран.
За да изберете ставка, користете ги копчињата
, а потоа притиснете го копчето OK.

Изберете Wi-Fi (Препорачано).
Притиснете го копчето OK за да се прикаже следниот екран.
Ако мрежната врска е веќе поставена, се прикажуваат деталите за врската. Изберете Промени поставки за да ги промените поставките.
Изберете Волшебник за поставување на Wi-Fi.
Изберете SSID за безжичниот рутер.
Ако SSID со којашто сакате да се поврзете не е прикажана на контролната табла на печатачот, притиснете го копчето
за да го ажурирате списокот. Ако и понатаму не се прикажува, притиснете го копчето
и директно внесете ја SSID.
Ако не го знаете името на мрежата (SSID), проверете дали се запишани информации на етикетата на безжичниот рутер. Ако го користите безжичниот рутер со неговите стандардни поставки, користете ја SSID на етикетата. Ако не можете да најдете информации, погледнете ја документацијата испорачана со безжичниот рутер.
Притиснете го копчето OK, а потоа внесете ја лозинката.
Лозинката разликува големи и мали букви.
Ако не ја знаете лозинката, проверете дали се запишани информации на етикетата на безжичниот рутер. На етикетата, лозинката може да биде запишана како „Network Key“, „Wireless Password“ итн. Ако го користите безжичниот рутер со неговите стандардни поставки, внесете ја лозинката запишана на етикетата.
Кога ќе завршите, изберете Во ред.
Проверете ги поставките и изберете Започни со поставување.
Изберете Прекини за да завршите.
Ако не успеете да се поврзете, внесете обична хартија со големина A4 и изберете Извештај за пров. на печатење за да отпечатите извештај за врската.
Притиснете го копчето
.