Заменување на касетите со мастило и другите потрошни материјали
EPSON Software Updater е апликација што проверува за нов или ажуриран софтвер на интернет и го инсталира. Исто така, фирмверот на печатачот можете да го ажурирате и рачно.
Преземете го EPSON Software Updater од интернет страницата на Epson.
Ако користите компјутер со Windows и не може да го преземете од интернет страницата, може да го инсталирате од испорачаното CD со софтвер.
Windows 10
Кликнете на копчето за стартување, па изберете Epson Software > EPSON Software Updater.
Windows 8.1/Windows 8
Внесете го името на апликацијата во полето за пребарување, а потоа изберете ја прикажаната икона.
Windows 7/Windows Vista/Windows XP
Кликнете на копчето за стартување, па изберете Сите програми или Програми > Epson Software > EPSON Software Updater.
Можете да го активирате EPSON Software Updater и со кликање на иконата на печатачот во лентата со задачи на работната површина, па изберете Ажурирање софтвер.
Изберете Започни > Апликации > Epson Software > EPSON Software Updater.