Заменување на касетите со мастило и другите потрошни материјали
Кога е потрошено мастилото во боја, а уште има црно мастило, можете да го користите следново поставување за да печатите кратко време само со црно мастило.
Тип на хартија: обични хартии, Плик
Боја: црно-бело или Сива палета
Без рамка: не е избрано
EPSON Status Monitor 3: Овозможено (кога печатите од двигател на печатач на Windows.)
Бидејќи оваа функција е достапна само за околу пет дена, заменете ги празните касети со мастило најбрзо што можете.
Ако е исклучен EPSON Status Monitor 3, отворете го двигателот на печатачот, кликнете Проширени поставки на картичката Одржување, па изберете Вклучи EPSON Status Monitor 3.
Периодот на достапност зависи од условите на користење.