Заменување на касетите со мастило и другите потрошни материјали
Може безжично да печатите документи, е-пораки, фотографии и веб-страници од вашиот телефон со Android или таблет (Android v4.4 или понова верзија). Со неколку допирања, вашиот уред со Android ќе го открие печатачот Epson којшто е поврзан на истата безжична мрежа.
Операциите може да се разликуваат зависно од уредот.
Ставете хартија во печатачот.
Поставете го печатачот за безжично печатење.
На вашиот уред со Android, инсталирајте го приклучокот Epson Print Enabler од Google Play.
Поврзете го уредот со Android на истата безжична мрежа на којашто е поврзан печатачот.
Одете на Поставки на вашиот уред со Android, изберете Поврзани уреди > Печатење и овозможете го Epson Print Enabler.
Од апликација за Android, како на пример Chrome, допрете на иконата за менито и отпечатете го она што го гледате на екранот.
Ако не го гледате печатачот, допрете Сите печатачи и изберете го печатачот.