Водич за почетниот екран

Означува ставки коишто се поставени за печатачот како икони. Изберете ја иконата со притискање на копчињата , а потоа притиснете го копчето OK за да ги проверите тековните поставки или за да пристапите до секое мени со поставки.

Ги прикажува сите менија.

Копирај

Ви овозможува да копирате документ.

Скенирај

Ви овозможува да скенирате документ или фотографија.

Различни отпечатоци

Нуди разни функции за печатење, на пр. за копирање во разни распореди и за печатење календари и хартија со линии.

Поставки

Ви овозможува да одредувате поставки за одржување, поставки за печатачот и мрежни поставки.

Одржување

Ги прикажува менијата препорачани за подобрување на квалитетот на отпечатениот материјал, на пр. одзатнување на прскалките со печатење шаблон за проверка на прскалките и чистење на главата за печатење, како и отстранување на заматувањето и пругите во отпечатениот материјал со порамнување на главата за печатење.

Поврзув. на Паметен телефон

Ви овозможува да го поврзете печатачот директно со паметен уред, без безжичен рутер.

Може да лизгате десно со притискање на копчето .