/ Печатење / Печатење од компјутер / Двострано печатење (само за Windows)

Двострано печатење (само за Windows)

Двигателот на печатачот печати автоматски двоејќи ги парните и непарните страници. Кога печатачот ќе заврши со печатење на непарните страници, превртете ја хартијата следејќи ги упатствата за да ги испечатите парните страници. Можете и да печатите брошура што може да се направи со преклопување на исписот.

Белешка:
  • Оваа опција не е достапна за печатење без рамки.

  • Ако не користите хартија што е соодветна за двострано печатење, квалитетот на печатењето може да биде послаб и може да дојде до заглавување хартија.

  • Зависно од хартијата и податоците, може да пробие мастило на другата страна на хартијата.

  • Ако е исклучен EPSON Status Monitor 3, отворете го двигателот на печатачот, кликнете Проширени поставки на картичката Одржување, па изберете Вклучи EPSON Status Monitor 3.

  • Двостраното печатење може да не е достапно кога на печатачот му се пристапува преку мрежа или се користи како делен печатач.

  1. Ставете хартија во печатачот.

  2. Отворете ја датотеката што сакате да ја печатите.

  3. Отворете го прозорецот на двигателот за печатачот.

  4. Изберете Рачно (Поврзување по долгиот раб) или Рачно (Поврзување по краткиот раб) од Двострано печатење на картичката Главна.

  5. Кликнете Поставки, одредете ги соодветните поставки, а потоа кликнете OK.

    Белешка:

    За да печатите како брошура, изберете Книшка.

  6. Поставете ги останатите ставки на картичките Главна и Повеќе опции како што е потребно, а потоа кликнете OK.

  7. Кликнете Печати.

    Откако ќе заврши печатењето на првата страница, на компјутерот прикажува појавен прозорец. Следете ги упатствата на екранот.