Заменување на касетите со мастило и другите потрошни материјали
Во некои циклуси на печатење, во кутијата за одржување може да се собере многу мало количество од вишок мастило. За да се спречи истекување од кутијата за одржување, печатачот е направен да спречи печатење кога капацитетот на апсорпција на кутијата за одржување ќе ја достигне својата граница. Дали и колку често ова ќе треба да се направи зависи од бројот на отпечатени страници на печатачот, видот на материјалот за печатење и бројот на циклуси на чистење на печатачот. Заменете ја кутијата за одржување кога ќе биде побарано. Мониторот за статус на Epson, ЛЦД-екранот или светлата на контролната табла ќе ви покажат кога треба да се замени овој дел. Потребата да се замени кутијата не значи дека печатачот ќе престане да работи во согласност со неговите спецификации. Со гаранцијата на Epson не се покриваат трошоците за оваа замена. Претставува дел што треба да го замени корисникот.

Кога кутијата за одржување е полна, не може да печатите и да ја чистите главата за печатење додека не се замени, за да се избегне протекување на мастилото. Сепак, може да вршите операции кои не користат мастило како што е скенирањето.
Кога ќе се прикаже следниов екран, тоа значи дека делот не може да се замени од страна на корисникот. Контактирајте со службата за техничка поддршка на Epson.

Извадете ја новата кутија за одржување од пакувањето.
Не допирајте го зелениот чип странично на кутијата за одржување. Тоа може да влијае врз нормалното работење и печатење.
Со новата кутија за одржување доаѓа и проѕирна кеса за старата кутија за одржување.
Одвртете го шрафот користејќи плоснат одвртувач и извадете го капакот.

Извадете ја користената кутија за одржување.

Не допирајте ги деловите прикажани на илустрацијата. Така може да се спречи нормалната работа и може да се замачкате со мастило.

Ставете ја користената кутија за одржување во проѕирната кеса испорачана со новата кутија за одржување и добро затворете ја кесата.

Ставете ја новата кутија за одржување до крај во печатачот. Погрижете се кутијата да ја вметнете во правилната насока.

Повторно наместете го капакот.

Проверете ја пораката, а потоа притиснете го копчето OK.