П. за испр. факс

Изберете ги менијата на контролната табла како што е опишано подолу:

Факс > Мени > П. за испр. факс

Дир. испраќање

Испраќа факс во црно-бело додека се скенираат оригиналите. Бидејќи скенираните оригинали не се складираат привремено во меморијата на печатачот дури и кога испраќате голем број страници, може да избегнете грешки на печатачот поради недостиг на меморија. Имајте предвид дека ако ја користите функцијава, испраќањето ќе трае подолго. Подолу се достапни „Поврзани информации“ за темава.

Не може да ја користите оваа функција кога испраќате факс до повеќе примачи.

Испрати факс подоцна

Испраќа факс во времето што сте го навеле. Кога ја користите оваа опција, достапен е само факс во црно-бело. Подолу се достапни „Поврзани информации“ за темава.

Дод. праќач

Изберете ја позицијата каде што сакате да ги вклучите информациите за заглавјето (името на испраќач и бројот на факс) во појдовниот факс или да не ги вклучите информациите.

  • Исклучено: испраќа факс без информации во заглавјето.

  • Надвор од сликата: испраќа факс со информации во заглавјето во горната бела маргина на факсот. На овој начин заглавјето не се преклопува со скенираната слика, меѓутоа, примениот факс од примачот може да биде отпечатен на два листа во зависност од големината на оригиналите.

  • Внатре во сликата: испраќа факс со информации во заглавјето, за околу 7 mm пониско од горниот дел на скенираната слика. Иако заглавјето може да се преклопува со сликата, примениот факс од примачот нема да биде поделен на два документа.

Заглавие на факс

Изберете заглавје за примачот. За да ја користите оваа функција, треба однапред да регистрирате повеќе заглавја.

Доп. инф. за Загл.

Изберете ги информациите коишто сакате да ги додадете. Може да изберете една од Ваш телефонски број и Листа на дестин..

Изв. за трансм.

Отпечатува извештај за пренос откако ќе испратите факс.

П. во сл. на греш. отпечатува извештај само кога ќе се појави грешка.