Не може да се примаат факсови

  • Ако сте се претплатиле на услуга за препраќање повик, печатачот не ќе може да прима факсови. Контактирајте го давателот на услугата.

  • Доколку немате поврзано телефон на печатачот, поставете ја поставката Режим за прием на авто. од контролната табла.

  • Под следниве услови, на печатачот му снемува меморија и не може да прима факсови. Видете решавање проблеми за информации за справување со грешката за полна меморија.

    • Бројот на добиени документи го достигна максимумот од 100 документи.

    • Меморијата на печатачот е полна (100%).

  • Проверете дали бројот на факс на испраќачот е регистриран на Листа на одб. бр.. Факсовите испратени од броевите коишто се додадени на оваа листа се блокираат кога Листа на одб. бр. во Одбивање факс е овозможено.

  • Прашајте го испраќачот ако информациите во заглавието се поставени на неговата машина за факс. Факсовите коишто не ги содржат информациите во заглавието се блокираат кога Праз. заг. на факс во Одбивање факс е овозможено.

  • Проверете дали бројот на факс на испраќачот е регистриран во листата со контакти. Факсовите испратени од броевите коишто не се регистрирани на оваа листа се блокираат кога Пов. не е во Конт. во Одбивање факс е овозможено.