/ Испраќање факс / Испраќање факсови со користење на печатачот / Различни начини за испраќање факсови / Испраќање факсови во црно-бело во одредено време (Испрати факс подоцна)

Испраќање факсови во црно-бело во одредено време (Испрати факс подоцна)

Може да поставите испраќање факс во одредено време. Кога е одредено време за испраќање, може да се испраќаат само факсови во црно-бело.

  1. Поставете ги оригиналите.

  2. Изберете Факс од почетниот екран.

    За да изберете ставка, користете ги копчињата , а потоа притиснете го копчето OK.

  3. Назначете го примачот.

  4. Одредете поставки за испраќање факсови во конкретно време.

    Притиснете го копчето OK, а потоа изберете П. за испр. факс.

    Изберете Испрати факс подоцна, а потоа изберете Вклучено.

    Внесете го времето кога сакате да се испрати факсот, а потоа притиснете го копчето OK.

    По потреба, може и да одредувате поставки како што се резолуцијата и методот на испраќање во Пост. за скен. или П. за испр. факс.

  5. Притиснете го копчето за да се вратите на екранот Факс, а потоа притиснете го копчето .

  6. Кога ќе завршите со испраќање, извадете ги оригиналите.

Белешка:

Испраќањето факс може да го откажете преку екранот Факс.