Поставување на WSD порта

Во овој дел се објаснува како да се постави WSD портот за Windows 7/Windows Vista.

Белешка:

За Windows 10/Windows 8.1/Windows 8, WSD портот се поставува автоматски.

Потребно е следново за поставување на WSD порт.

  • Печатачот и компјутерот се поврзани на мрежата.

  • Драјверот на печатачот е инсталиран на компјутерот.

  1. Вклучете го печатачот.

  2. Кликнете на почетното копче и кликнете на Мрежа на компјутерот.

  3. Кликнете со десното копче на иконата за печатач и кликнете на Инсталирај.

    Кликнете на Продолжи кога ќе се прикаже екранот Контрола на корисничка сметка.

    Кликнете на Поништи инсталација и започнете повторно ако се прикаже екранот Поништи инсталација.

    Белешка:

    Името на печатачот којшто сте го поставиле на мрежата и името на моделот (EPSON XXXXXX (XX-XXXX)) се прикажуваат на екранот за мрежа. Може да го проверите името на печатчот на мрежата од контролниот панел на печатачот или со печатење на листа за статус на мрежа.

  4. Кликнете на Вашиот уред е подговтвен за употреба.

  5. Проверете ја пораката и кликнете на Затвори.

  6. Отворете го екранот Уреди и печатачи.

    • Windows 7
      Кликнете на почетното копче > Контролен панел > Хардвер и звук (или Хардвер) > Уреди и печатачи.
    • Windows Vista
      Кликнете на почетното копче > Контролен панел > Хардвер и звук > Печатачи.
  7. Проверете дали се прикажува икона со името на печатачот на мрежата.

    Изберете име на печатач кога користите со WSD.