Заменување на касетите со мастило и другите потрошни материјали
Мрежна услуга и информации за софтвер
Апликација за конфигурирање на работата на печатачот (Web Config)
Апликација за конфигурирање на режими за скенирање од контролната табла (Epson Event Manager)
Апликација за конфигурирање на работење на факс и испраќање на факсови (FAX Utility)
Апликација за конфигурирање на повеќе уреди (EpsonNet Config)
Можете да испратите факс со бирање од поврзаниот телефон кога зборувате преку телефонот пред да испратите факс или кога уредот за факс на примачот не се префрла автоматски на функцијата за факс.
Поставете ги оригиналите.
Можете да испратите најмногу 100 страници во еден пренос.
Кренете ја слушалката од поврзаниот телефон, а потоа бирајте го бројот на факсот на примачот со помош на телефонот.
Кога примачот ќе одговори на повикот, може да разговарате со примачот.
Изберете Факс од почетниот екран.
За да изберете ставка, користете ги копчињата
, а потоа притиснете го копчето OK.
Притиснете го копчето OK, а потоа изберете Пост. за скен. или П. за испр. факс за да одредите поставки по потреба, како на пр. резолуцијата и методот на испраќање.
Кога ќе чуете звук за факс, притиснете го копчето
и спуштете ја слушалката.
Кога се бира број со помош на поврзаниот телефон, испраќањето факс одзема повеќе време бидејќи печатачот истовремено врши скенирање и испраќање. Не можете да ги користите другите опции додека се испраќа факсот.
Кога ќе завршите со испраќање, извадете ги оригиналите.